Кели Озборн неодамна изгуби над 38 килограми со помош на процедура за намалување на желудникот.
36-годишната телевизиска дописничка, ќерка на Ози Озборн, прошета низ бизнис-лоби во Беверли Хилс во средата и ја покажа новата истенчена фигура во лежерно издание, со црни тренирки, бела блуза и црна кожена јакна.
Озборн беше отворена во врска со нејзината долгогишна борба со вишокот килограми, што ја поттикна да се подложи на тешка процедура – вертикална гастрипластична хирургија за губење на тежината (VBG) – пред две години.