Димче Арсовски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕна својот роденден ја побара за сопруга својата долгогодишна девојка, Соња.
Таа му го подари најубавиот поклон за роденден и го кажа судбоносното „да“.
Убавите вести ги сподели Арсовски и неговата сега веќе вереница, Соња Тодорова на своите Инстаграм профили. Инаку девојката на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Тодорова по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје.