ФОТО+ВИДЕО: Големо откритие во некрополата Сакара во Египет

Во египетскиот археолошки локалитет Сакара е откриена нова ризница – дрвени ковчези и антички погребен храм кои потекнуваат од ерата на Новото Кралство.

 

Instagram

Од Министерството за туризам и антиквитети соопштија дека за пронаоѓањето на „големите откритија“ е заслужен тим археолози предводени од славниот египетолог Захи Хавас.

За време на археолошката мисија во Сакара која воедно е огромна некропола на околу 32 километри јужно од Каиро, биле откриени повеќе од 50 саркофази (камена гробница за погребување на ковчег или тело на починат), дрвени ковчези, погребна опрема и погребен храм за кои археолозите велат дека ќе откријат значајни факти за историјата на регионот.

Instagram
Instagram

Експертите во саботата објавија дека го откриле погребниот храм на кралицата Неарит, сопруга на кралот Тети, првиот крал на шестата династија на Старото Кралство.

Откриени се три складилишта со тули од кал – изградени за складирање на резерви и алатки што се користеле за гробот на кралицата“, изјавија од египетското Министерство за туризам и антиквитети.

Instagram
Instagram

Сакара е дом на повеќе од десетина пирамиди и е огромна некропола на античкиот египетски главен град Мемфис, кој воедно е светско културно наследство на УНЕСКО.

Запечатените дрвени ковчези, откриени заедно со статуи на антички богови, датираат од повеќе од 2.500 години и им припаѓале на луѓе од највисоките редови на Доцниот период и птоломејскиот период на антички Египет.

Во изјавата, Хавас истакна дека ова откритие може да фрли ново светло на историјата на Сакара за време на Новото кралство, помеѓу 16 и 11 век п.н.е.

Откритието е направено во близина на пирамидата каде е погребан кралот Тети, првиот фараон на Шестата династија на Старото кралство.

Треба да знаете
Последни објави