Четирите деца и беа одземени!
Инфлуенсерка од Русија која го остави својот сопруг за посинок роди ќерка. Марина Балмашева (35) од минатата година е во врска со нејзиниот 14-години помлад посинок, Владимир.
Неговиот татко, Алексеј Шавирин, во меѓувреме, се разведе од сопругата (со која беше во брак 13 години), а таа наскоро се омажи за неговиот син. Марина, која минатиот мај објави дека парот чека бебе, вчера сподели фотографија од бебето на Инстаграм.
Инфлуенсерката која се прослави со документирање на својата трансформација, ова и е петто дете, откако со поранешниот сопруг посвои четири деца.
Според руските медиуми, сите деца останале по разводот со Алексеј, а судот и ги одзел родителските права. Алексеј(45) вели дека неговата поранешна сопруга „го завела неговиот син“.
„Тие не се срамеа, имаа секс дури и кога бев дома“, рече тој и додаде: „Ќе и простев за изневерувањето – да не беше мојот син. „Таа одеше во креветот на мојот син од нашата спална соба додека јас спиев … После тоа таа ќе се вратеше и ќе легнеше во кревет со мене како ништо да не се случило“.
Во меѓувреме, Балмашева наводно барала предбрачен договор со Владимир, кого го познава од неговата седумгодишна возраст. Руската блогерка со повеќе од половина милион следбеници на Инстаграм призна дека направила естетска операција со цел да стане попривлечна за нејзиниот посинок.
“Дали жалам што го уништив семејството? Да и не”, им рече таа на своите придружници.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира: