Снаата на Лепа Брена и Боба, пејачката Александра Пријовиќ за прв пат сподели фотографија со нејзиниот син Александар со своите следбеници на „Инстаграм“.
Иако детето наполни две години на 9 март, Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ не го изложуваат својот наследник во јавноста.
Но, Александра реши да направи исклучок и да сподели една убава фотографија со малото синче.
– Најслаткиот бакнеж на светот – напиша Александра.
фото: Инстаграм
Александра и малиот Александар „собраа“ повеќе од 30.000 лајкови за само неколку часа.
извор: novosti.rs