Глумицата Кристи Свонсон застана во одбрана на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, по најавите за дигитално отстранување на неговиот лик од „Дома сам 2″.
„Ако ‘Бојкот-култура’ навистина го отстрани Доналд Трамп од филмот на Џон Хјуз „Дома сам”, тогаш како поддршка на МОЈОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ, би сакала и јас да бидам официјално отстранета од филмовите на Џон Хјуз – ‘Убава во розово’ и ‘Слободиот ден на Ферис Булер’,” објави на Твитер Свансон, завршувајќи ја пораката со смешко со солзи.
Таа инаку имаше, исто така, куси, камео-улоги во тие два филма. Режисерот и продуцент Џон Хјуз почина 2009 година.
Ѕвездата од „Дома сам 2″, Меколи Калкин ја поддржа идејата да „се исече” ликот на Трамп од филмот.