Американскиот рапер и продуцент „Доктор Дре“ (55) е отпуштен од болница откако се лекувал од аневризма на мозокот.
Адвокат на Дре во саботата соопшти дека хип-хоп sвездата сега е повторно дома, без да даде повеќе детали.
„ТМЗ“ на 5 јануари објави дека Дре бил однесен во Медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес, Калифорнија. Тимот на легендата на рап музиката подоцна издаде соопштение во кое се вели дека Дре – чие вистинско име е Андре Ромел Јанг – е во стабилна состојба.
“Благодарам на моето семејство, на пријателите и фановиза за нивниот интерес и желби. Јас добивам одлична нега од мојот медицински тим”, напиша раперот на Инстаграм кога беше во болница.