Македонската актерка Јелена Јованова, која јавноста ја засака преку улогата на Јелена од Драчево од популарната македонска серија „Преспав“ живее во Загреб, заедно со својот сопруг, актерот Стјепан Периќ и синот Јаков.
Минатата година беше навистина турбулентна за актерката, Прво додека беше бремена го доживеа земјотресот летото во Загреб, а потоа откако стана мајка го доживеа силниот земјотрес пред Нова година, од 6,2 степени според Рихтер, кој ја стресе цела Хрватска.
Тие кратко време избегаа во Сплит, па решија повторно да се вратат во Загреб, и како вели Јелена, да „научат да живеат со она што се случува“.
Јелена ретко објавува фотографии од семејството, а лицето на синот се уште го нема покажано.
Таа сега објави една семејна фотографија од неа, сопругот и синот, на која после долго време се гледа насмевка на нивните лица.