Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг Бред Фалчук изгледаа среќни во лежерна прошетка во Лос Анџелес во вторникот.
Bљубените птички, кои го врзаа јазолот во септември 2018 година, се добро расположени како и секогаш. 48-годишната оскаровка е во спортско издание, кое добро прилега на тенката фигура.
Нејзиниот човек, кој е најпознат по тоа што заедно со Рајан Марфи ги создадоа „Американска хорор приказна“ и „Крик “ носи црн World Series Champions-дуксер и црни долни тренирки.
Најновата филмска улога на актерката, која исто така е претприемач и деловна жена со сопствен лајфстајл-бренд, беше во 2019 година во Марвеловиот Avengers: Endgame („Одмазници: Завршница“).
Мајка на две деца, која сега се фокусира на својата лајфстајл и велнес компанија „Гуп“, вредна 250 милиони долари, вели дека нејзините приоритети во животот се променети.