Поп ѕвездата Лејди Гага покажа дека може да испорача одличен перформанс и без придружни елементи на сцена, коментираат светските медиуми.
Немаше танчери, пиротехника, и единствениот изразен дел од нејзината облека беше голем златен брош во форма на гулаб на мирот.
Toa го насочи фокусот на нејзиниот вокал, кој беше снажен и сигурен, додека лизгаше низ ноторно широката мелодија и нејзините незгодни вокални скокови.
Гага, гласна критичарка на администрацијата на Трамп, непосредно пред церемонијата напиша на Твитер дека сака нејзиниот настап да обезбеди момент на здружување, заедништво по поделбите во последните четири години.
„Чест ми е да ја испејам нашата национална химна за американскиот народ“, напиша таа. „Ќе пеам за време на церемонија, транзиција, момент на промена – помеѓу POTUS 45 и 46. За мене, ова има големо значење.“