Веста за смртта на легендарната хрватска актерка Мира Фурлан ја потресе јавноста во регион.
Таа почина од западно-нилска треска на возраст од 65 години во САД, каде живееше последни три децении.
Последната објава на профилот на Мира Фурлан е веста за нејзината смрт, а покрај неа стојат зборовите за кои се чини дека се напишани како нејзино збогување со светот.
-Гледам во ѕвездите. Ноќта е ведра и Млечниот пат се чини толку близу. Таму наскоро ќе појдам. „Сите сме ние од ѕвезди“, одеднаш се сетив на реченицата на Делен од сценариото на Џо. Не е лошо. Не се плашам. Во меѓувреме, допуштете ми да ги склопам очите и да ја почувствувам убавината околу мене. И длабоко да вдишам под темното небо полно со ѕвезди. Вдишувам. Издишувам. Тоа е сѐ, напишала Фурлан.
— Mira Furlan (@FurlanMira) January 22, 2021