Дарко Димитров прерасна во еден од најбараните композитори на Балканот, кој покрај тоа што соработува со нашите најпознати артисти исто така ги направи најубавите модерни хитови и на балкански ѕвезди како Емина Јаховиќ, Анастасија Ражњатовиќ, Луна Џогани, Едита Арадиновиќ и многу други.
Тој често на социјалните мрежи знае да сподели објави од своето студио во кое создава многу хитови за македонската и регионалната естрада. Меѓутоа, Димитров многу ретко односно речиси никогаш не споделува фотографии од својот приватен живот.
Сепак овој пат пушти срце и покажа како ужива во зимските лудории. Со оглед на тоа дека надвор владее зима и зимски температури, познатите го искористија периодот да уживаат во зимските авантури, а најчеста локација беше Попова Шапка, каде и според информациите на УХМР има наврнато најмногу снег годинава.
Така и Димитров се одлучи за Попова Шапка, каде што на скијање и бордање уживаше заедно со своето семејство односно сопругата и ќерките.
Овој момент тој го овечковечи со неколку фотографии и реши да ги сподели со своите пријатели на социјалните мрежи.
Облечени во зимска опрема, Дарко и неговите сакани уживаа во заедничкото поминато време и во убавините на снегот.
Под објавата се нижеа коментари, а и пејачката Емина Јаховиќ која соработува со Димитров, под фотката остави срциња.
Извор: Вистина.мк