Моника Белучи (56) со децении е на врвот на листата на најубави жени во светот. Вели дека не би се вратила на дваесетина години за ништо на светот, а кога станува збор за изгледот – не ги крие правилата по кои се придржува.
- Не ја мие косата секој ден
Моника ја мие косата најмногу двапати неделно, а наместо скапи маски за нега на коса, таа користи само маслиново масло.
- Никогаш не држи строги диети
Актерката верува дека никогаш не треба да ја ограничуваме различноста на храната што ја јадеме. Сепак, таа вели дека ако сакате да изгубите неколку килограми, треба да ги намалите порциите и да јадете повеќе месо, риба и зеленчук.
- Практикува вежби за умот и телото
„Вежбајте јога и пливајте“, стои во фитнес – планот на Моника Белучи. Овие вежби го одржуваат телото без напорен тренинг.
- Го чисти лицето секоја вечер
Пред спиење, темелно исчистете ја кожата на лицето, без оглед колку сте уморни од напорниот ден. Никогаш не легнувајте со шминка.