Леди Гага беше главна sвезда на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, а нејзината изведба на химната ја воодушеви јавноста.
Популарната пејачка на својот инстаграм-профил објави фотографија од свечениот чин, на која се бакнува со своето момче Мајкл Полански.
За време на паузите помеѓу песните, Гага главно седеше покрај своето момче, а Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез беа во нивна близина.
Гага и Полански официјално објавија дека се во врска во февруари минатата година, и оттогаш тие се неразделни и често објавуваат фотографии на социјалните мрежи.
Преземено од Убавина и Здравје