Детските „жолти минути”, поточно изливите на гнев, можат да бидат многу предизвикувачки за родителите, кои во овие ситуации честопати прибегнуваат кон мобилните телефони и смарт-таблетите како „лек” – средство за смирување на малечкото.
Сепак, психолозите не советуваат и не препорачуваат децата да поминуваат премногу време пред екран, бидејќи тоа има негативно влијание врз нив. Следат неколку поделотворни и поздрави методи околу тоа…
- Зачувајте го својот мир и спокој.
Првото нешто што, како родител, треба да го направите кога детето плаче, е Вие да се смирите. Доколку нема соодветна реакција од Вас, ни малечкото веројатно, нема да се смири.
- Откривајте нови игри.
Тоа ќе ја поттикне креативноста кај децата, но и ќе го пренасочи нивното внимание и енергија.
- Ислушајте го детето.
Поставете му на детето директно прашање за тоа – што може да го смири? Сепак, ова не значи да се согласите со нивните барања за кои инаку не би се согласиле…
- Пејте!
Ако вашето дете е лошо расположено, обидете се заедно да ја отпеете неговата омилена песна.
- Прегрнете го малечкото.
Прегратката помага во намалување на емоционалниот стрес и е одличен начин на утеха. Затоа, ако сакате да го смирите вашето дете, едноставно – прегрнете го.
- Длабоко дишење…
Замолете го вашето дете да дише длабоко, и научете го како да го прави тоа.
- Исклучете ги светлата!
Понекогаш исклучувањето на светлата е прилично ефективен начин за смирување на малите деца.
- Излезете надвор.
Прошетката е секогаш добра идеја и може да им помогне на децата да се смират. Освен тоа, по мал престој „на чист воздух” сите ќе се чувствуваат подобро.
- Пренасочете го нивното внимание.
Обидете се да го привлечете вниманието на децата, на пр., прашувајќи го која е неговата омилена боја, кои се неговите омилени панталони или нешто слично.