„ХБО макс“ планира анимирана серија „Игра на тронови“

Мегапопуларната серија „Игра на тронови“ може да биде проширена на анимација во нова серија за стриминг-услугата „Ејч-би-о макс“, објави во средата „Холивуд репортер“.

Директорите на „Ејч-би-о макс“, сопственост на WarnerMedia, AT&T Inc, започнаа да одржуваат состаноци со писатели за можна анимирана драмска серија за возрасна публика, се наведува во публикацијата.

Хит серијата „Игра на тронови“, базирана на романи на Џорџ Р.Р. Мартин, стана глобален феномен и освои 12 награди „Еми“, вклучително и главната награда за најдобра драмска серија.

Треба да знаете
Последни објави