Откако холивудската ѕвезда Џенифер Анистон вчера објави листата на најмоќните жени во светот, меѓу кои и Ана Брнабиќ, српската премиерка кажа што мисли за тоа дека е на листата заедно со Ангела Меркел, Мишел Обама и жени за кои Анистон напиша дека го менуваат светот. Во интервју за, Брнабиќ рече дека според неа, Србија е земја што ќе го смени светот на подобро, а не само таа како жена со моќ оти е премиер.
„Сè што е добро за Србија ми е важно и мене. Тоа кажува дека нашата земја е лидер во родовата рамноправност, ние имаме 40% жени во собранието, но и скоро половината членови на Владата на Србија се жени. По ова сме на самиот врв, а жените раководат со некои од најважните институции во државата. Тоа е за пофалба за Србија. Затоа се надевам дека ние сме земја што го менува светот“, рекла премиерката…
Преземено од Репортер