Има најубаво лице во светот, служи воен рок и излегува со милијардер: На „хејтерските“ пораки не обрнувам внимание

Израелската манекенка Јаел Шелбија ја доби титулата Најубаво лице за 2020 година, според листата на TC Candler.

Instagram

„Бев многи изненадена, не знаев ни дека сум била номинирана. Не знам зошто баш мене ме избраа, убавината е толку индивидуална работа, по мое мислење, сите жени се убави. Она што личноста ја прави убава се љубезноста, скромноста и позитивниот став. Кога сте добри, тоа ви се гледа во очите, бидејќи очите никогаш не лажат. Никогаш во ништо не сум била прва. Многу е убаво“, изјави Шелбија, која на социјалните мрежи ја следат скоро еден милион луѓе.

Откако ја понесе престижната титула, социјалните мрежи ѝ се преплавени со романтични пораки, но и такви кои ја преминуваат границата.

„Имам повеќе од 200.000 нови следбеници на Инстаграм, ама сите пораки што ги добивам не се убави. Покрај оние кои се полни со љубов и поддршка, има е „хејтерски“ пораки, ама на нив не обрнувам внимание“, изјави за британски Сан.

Израелските медиуми пишуваа дека манекенката е во врска со 35-годишниот син на милионерот Брендон Корф, кој е депортиран од Израел бидејќи ги прекршил правилата на карантинот кога тајно ја посетил, а Шелбија ги потврди гласините за нивната врска.

„Заедно сме една година. Многу е среќен и се гордее со мене“, рече манекенката.

Во периодот кога ја доби титулата, 19-годишната Шелбија отслужуваше воен рок во воздухопловството на својата земја.

Треба да знаете
Последни објави