(Видео) Водителката Драгана падна среде снимање на „Никогаш не е доцна“

Пред неколку дена водителката Драгана Катиќ доживеа несреќа додека го снимаше шоуто
„Никогаш не е доцна“ и се доби повреди на телото. Кога Драгана почна да се симнува од големата
сцена, таа се сопна и падна, и го искриви зглобот, за подоцна да и се создаде хематон на коленото.

Тогаш Драгана покажа колку е професионална, бидејќи и покрај повредите, се врати на сцената во
високи потпетици и продолжи со работната задача како ништо да не се случило.
– Луѓето не знаат дека не е секогаш лесно. Тие мислат дека сè е сјај и гламур и не знаат колку
треба да поминат луѓето што работат на шоуто за да го добијат финалниот производ – изјави
Драгана.
За среќа, таа се чувствува добро, иако повредите сè уште се видливи.

– Сеуште ме болат раката и ногата, но добро. Кога паднав, во рок од една секунда, еден млад снимател притрча кон мене, ме праша дали ме боли и веднаш отиде по мраз. Ми ја масираше
ногата и направи да се чувствувам подобро.
Прекрасно воспитано и добро дете – рече Катиќ.

Извор: informer.rs

Треба да знаете
Последни објави