Памела Андерсон за малку ќе се омажеше во пижами

Памела Андерсон ги изненади фановите кога откри дека тајно се омажила за својот телохранител Дан Хејхарст во градината на нејзината куќа на островот Ванкувер минатиот месец.

Иако атрактивната актерка од „Бејвоч“ носела корсет-фустан за таа пригода, нејзината стилистка откри дека тоалетата била промена на нејзините првични планови “во последен момент“.

Стилистката Џенет Рос за магазинот „Ју-ес викли“ изјави: „Пред да избере да ја облече последната комбинација, таа ќе носеше свилени долни пижами во боја на шампањ, топ, високи потпетици и превез.

„Но, тогаш во последен момент, таа одлучи дека сака да биде прекрасна невеста принцеза“.

Џенет откри дека церемонијата била изненадување и дека тимот на 53-годишната актерка имал една недела да смисли како ќе изгледа невестата.

Треба да знаете
Последни објави