Подвижната куќа на ИКЕА е мала пo простор, но голема за осмислен дизајн

ИКЕА соработуваше со компанијата „Ескејп“ за да дизајнира мал дом на иднината.

Шведскиот гигант за мебел со децении го заговара потенцијалот на малите простори, целосно трансформирајќи го она што веруваме дека е возможно да се постигне со достапните ограничени квадратни метри. Од брилијантни идеи за уредување на мали дневни соби со мебел и додатоци за мали кујни, ИКЕА не само што знае да прави работи што се вклопуваат во тесни агли, туку и како една мала соба да изгледа одлично.

Со новиот проект што го пласира на пазарот, ИКЕА докажа дека може да направи мал дом да изгледа стилски и посакуван – елегантен простор за живеење опкружен со убав природен амбиент.

IKEA Tiny HOME PROJECT e наменет за подржувачите на минималистички животен стил кои што ја сакаат природата.

Проектот IKEA Tiny Home е тимски проект помеѓу гигантот за мебел и производителот на мали домови Escape. Како платно за паметно конфигуриран и паметно дизајниран простор се користи Vista Boho XL – еден од најпопуларните дизајни на мали куќи на компанијата.

Треба да знаете
Последни објави