Почина Хилтон Валентајн, гитаристот на „Анималс“

Гитаристот на бендот The Animals, Хилтон Валентајн, кој ги создаде еден од најпознатите воведни рифови во поп музиката на 60-тите, почина на 77-годишна возраст.

Верзијата на песната House of the Rising Sun на овој британски бенд беше на врвот на топлистите во Британија и САД во 1964 година, пренесува „Би-би-си“.

Дискографската куќа на „Анималс“, „АБКСО Мјузик“ го опиша Валентајн како гитарист пионер кој влијаеше на звукот на рокенролот во наредните децении.

Валентајн починал во петокот, дискографската куќа објави на Твитер. Причините за смртта не се наведени во твитот.

„Анималс“ беа значаен дел од британската музичка инвазија во САД. Првата, оригинална и најдобра постава на бендот ја сочинуваа Ерик Бардон вокал, Ален Прајс клавијатури, Брајан Чес Чендлер бас-гитара, Хилтон Валентајн гитара и Џон Стил удиралки.

Прекрасните поп-звуци на House of the Rising Sun.

Треба да знаете
Последни објави