Изводот од матична книга на родени бил променет еден месец откако се родил Арчи, и повеќе не ја наведува „Рејчел Меган“ како мајка, туку „нејзиното кралско височество војвотката од Сасекс“, објави британски „Мирор“.
Весникот тврди дека принцот Хари и Меган Маркл тивко ги избришале нејзините имиња од изводот на синот Арчи, коментирајќи дека ова е потег без преседан.
Малиот Арчи е роден на 6 мај 2019 година, а неговото раѓање е регистрирано 11 дена подоцна, пред да се изврши промената на 5 јуни.
Документот веќе не ја покажува „Рејчел Меган“ како мајка, и наместо тоа пишува „Нејзиното кралско височество војвотката од Сасекс“. Невообичаената промена се случила во периодот кога се проширија гласините за раздор меѓу Хари, брат му Вилијам и нивните партнери, пренесува „Сан“.
Тие тврдат дека ваквиот потег е вообичаен кај Кембриџови, бидејќи сите три нивни деца ги имаат имињата на Кејт на изводите за родени.