Харизматичниот Жика Јакшиќ од омиленото балканско ТВ-шоу „Никад није касно“: Да се извлечеш од долговите и да станеш успешен човек

Постарите гледачи, кои со задоволство преку македонската ТВ Канал 5 го следат исклучително популарното музичко шоу „Никад није касно“(во кое пееја и нашите од Македонија, како на пример, Софче Џорлева, брачната двојка Горан и Ленче Кукиќ, брачната двојка Јуле и Баже Маротов, Драган Вучиќ, Есма, Калиопи, Тамара….) велат дека од сите најзабавен и најшармантен им е водителот Жика Јакшиќ. Но Жика иако е сега многу успешен деловен човек, тој во минатото беше жив малер.

– Бев на нулата! Тогаш се разведов и во тој период, во 2000 година, започна да се распаѓа и мојата група „Ритам срца“, во која бев басист. Пукав на сите фронтови: деловни, приватни и финансиски. Како кула од карти, сè ми се урна. Не би посакал такво нешто дури и на најголемите непријатели. Сето тоа влијаеше на мене моето расположение. Се скршив многу и колку и да беше тешко психички во тој момент, успеав да се справам, да застанам на нозе. Заминав во Германија по работа, а таму еден ден дојдоа и Боба Живојиновиќ и Саша Поповиќ. Вистински луѓе во вистинско време!

И сè започна повторно да се движи по нагорна линија. Успеав да се извлечам од многубројни парични долгови, па денес гордо стојам зад емисијата „Никад није касно“, која како што дознав е многу гледана кај вас во Македонија што ми е особено драго.

-Кога ќе дојдам во Македонија, штом ќе помине пандемијата, ви носам од моето вино „Никад није касно“ да се почестиме, а вие подгответе од вкусните македонски специјалитети, ајвар, пинџур, селско месо, шарска плескавица, тетовско гравче, раскаже Жика, деновиве…

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави