Филмот „Спенсер“ е најновиот што го истражува животот на кралицата Дијана

Минатата недела, на Интернет се појави првата фотографија од претстојната драма за принцезата Дијана. Кога луѓето ја погледнаа Кристен Стјуарт на неа, се чинеше дека корисниците на социјалните мрежи со еден гигантски клик преминаа од скептици во верници, коментираат медиумите.

Облечена во копија на црвеното палто на починатата принцеза и шешир со црн вел, навалувајќи ја главата во познатата поза, американската актерка и sвезда на сагата „Самрак“ неверојатно потсетува на Леди Ди.

Продукцијата на филмот насловен „Спенсер“, кој сега се снима во Германија и Велика Британија, а премиерата е  најавена оваа есен, нема да биде единствениот за Дијана што ќе ги краси екраните оваа година. Во меѓувреме, филмаџиите брзаат да ни ги испорачаат своите верзии за таканаречената Кралица на срцата.

Минатата година, водечка беше серијата „Круна“ (The Crown) на „Нетфликс“ со четвртата сезона, најверојатно најпопуларната досега, благодарение на претставувањето на младата Дијана (Ема Корин). Гледачите ја гледаат како се движи низ мачна врска со новиот сопруг принцот Чарлс (Џош O’Kонор).

Треба да знаете
Последни објави