Родендените обично се слават со семејствоито, најблиските, другарите, пријателите, со друштво… Коронапандемијата не принуди да се навикнеме на „новото нормално“, па и најважните датуму во животот да се навикнеме да ги одбележуваме поинаку.
Така направи македонската пејачка и актерка, со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ, која „денот што го чекаме цела година“, во нејзиниот случај 3-ти февруари, го прослави на себесвојствен начин. Без роденденска торта, и журка, а наместо да добива подароци, роденденот го прослави со нова песна која таа им ја подари на своите фанови, насловена „Слепа љубов“.
Автор на музиката е Срѓан Лазиќ, кој заедно со Дејан Ивановиќ го напишале и текстот, додека аранжманот го направил Горан Ковачиќ. Видеото за песната го потпишуваат „LCF Media“, а режијата е на тандемот Матија Новаковиќ – Лука Преѓа.
„Еве ја! Новата песна, новиот спот, новиот роденден и по традиција, наместо торта ви подарувам песна – Слепа љубов“ – напиша Тијана на својот Инстаграм во описот на премиерата во етерот на видеото.
Иако не можеше да ги собере на купче своите најблиски и пријателите, Тијана доби огромен број честитки. Најмногу онлајн, дури и со вклучување во живо во некои од телевизиските емисии и програми како К1 ТВ на пример на Жељко и Јована Јоксимовиќ…
Преземено од Вистина.мк