Нивес Целзиус после хитот „Кара, кара, каранфил“ го покажа и голиот стомак

Хрватската контроверзна поп пејачка, писателка, актерка, ама и успешна старлета, Нивес Целзиус обожава да биде разголена и провокативна. Особено кога нема тазе нова песна, нова книга, таа има нови секси фотографии, а тоа е лесно во ова време на оваа модерна технологија, па цел свет да те види.

И секако дека Нивес ја гледа целиот свет со ширум отворени очи. Овој пат нешто е поскромна и ако провокативна во покажувањето на своето згодно голо тело.

Наместо целосна голотија како од мајка родена, како што тоа таа го прави, овој пат само со високо крената маичка, со полураскопчани искинати фармерки, покажувајќи ни ја тенката половина со рамен гол стомак. Да е убава, убава си е Нивес Целзиус, тука нема дилема, но ќе беше поубава да имаше и нова песна. Некоја во нејзин стил, како онаа претходната хитовска со двосмилен текст: “Мали кратки црвени румени кара, кара, каранфил“….

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави