Почина легендарниот оскаровец Кристофер Пламер

Kанадски актер Кристофер Пламер почина на 91 година. Пламер починал во неговиот дом во Конектикат, додека покрај него била неговата сопруга Елејн Тејлор, објавија медиумите.

Актерот во 2012 година доби Оскар за улогата во филмот „Почетници“, додека за истата награда беше номиниран и за улогата во филмовите „Последната станица“ во 2010 година и „Сите пари во светот“ во 2018 година.

Долгогодишниот пријател и менаџер кој работел со актерот 46 години, Лу Пит ќе го памети како „неверојатен човек кој исклучително ја сакаше и ја почитуваше својата професија“.

Пламер е најпознат по улогата на капетанот Фон Трап во мјузиклот „Звукот на музиката“, каде партнерка му беше Џули Ендрус, а играше и во филмовите „Човекот што ќе биде крал“ и „Ножевите надвор“.

Треба да знаете
Последни објави