Ема Стоун како женски Франкенштајн во новиот филм

Ема Стоун треба да глуми во претстојниот филм Poor Things во режија на специфичниот грчки гениј Јоргос Лантимос..

32-годишната актерка се здружува со режисерот Лантимос – со кого соработуваше во „Миленичка“ (The Favourite) – за филмска адаптација на романот од Аласдаир Греј, напишан под влијание на романот „Франкенштајн“ од 1818 година.

Таа ќе ја игра улогата на Бела Бакстер што е опишана како „нестабилна, пресексуална, еманципирана жена, и женска верзија на Франкенштајн“.

Во чудниот трилер, ликот на Стоун ќе се удави за да избега од нејзиниот сопруг насилник.

Треба да знаете
Последни објави