Петмесечно бебе загина откако врз него паднал човек кој се фрлил од 17 кат на зграда, во рускиот град Вороњеж.
Целата трагедија ја снимиле и надзорните камери. На снимката се гледа како мајката ја турка количката и се врти во лево, кога во тој момент паѓа човекот врз количката и ја крши.
Самоубиецот, момче на 20 години починал на самото место, а петмесечниот Илија и покрај напорите на лекарите од брзата помош, а потоа и во болница им подлегнал на повредите.
Мајката дошла на гости кај своите родители со двете деца. Петгодишниот син останал кај бабата и дедото, а несреќната мајка излегла со бебето на прошетка.