Боб Сегет: И денес сум близок со близначките Мери-Кејт и Ешли Олсен

Пред 25 години, Роберт Сегет последен пат глумеше татко на ликот на близначките Мери-Кејт и Ешли Олсен, но како што вели во неговото последно интервју, тие и денес се блиски, исто како тогаш.

Во интернет-емисијата на Мајк Розенбаум, прашан – кое од „неговите“ деца во серијата „Full House“ му било најдраго, Боб вели:

„Кое било – ги сакам како мои деца. Многу сум близок со Кендис (Камерон-Бјур) – уште откога ја снимивме пилот-епизодата. Џоди (Свитин), пак, спиеше покрај мене и си играше со Обри – мојата најстара (вистинска) ќерка. Ешли и Мери-Кејт, исто така, многу ги сакам. Кога сум во Њујорк или кога тие се тука (Филаделфија), кога можеме, се гледаме“.

„И Кендис ми е пријателка. Сите тие беа тука за мене во важни мигови, кога минував низ тешки времиња“, вели 64-годишниот глумец.

Тој натаму говори и за Лори Лофлин, која исто така, глумеше во светски познатата хумористична серија и којашто мина два месеца во федерален затвор по скандалот со поткуп на колеџ. Боб, како и другите блиски нејзини колеги, остана непоколеблив во поддршката за актерката по апсењето во 2019 година.

„Ја сакам!“, вели тој. „Многумина ме прашаа за тоа. Само ќе кажам – ја сакам… Би сакал други луѓе да видам в затвор. И се чувствувам како дека – што и да кажам, ќе бидам зафркнат, па само ќе речам – ја сакам. Ете, толку од мене“.

Треба да знаете
Последни објави