Кога ќе остарам, нема да се гледам во огледало: Животни цитати на Моника Белучи

Моника Белучи, една од најубавите жени во светот ги почитува важните работи, повеќе од парите и славата. Вели дека се чувствува удобно во своето тело, но не затоа што е убава туку затоа што е сакана и има прекрасно семејство. Оваа прекрасна дама има 54 години и вели дека токму сега е исполнета и посреќна отколку кога била млада девојка. За неа велат дека е како добро вино, што постара, толку подобра. Ја прогласија за една од најубавите и најсексапилните жени на светот. Родена е во италијанското село Cita di Castelo, а кариера на модел почнала да ја гради на 16 години. Единица е.

 

Татко и работел во транспортна фирма, а мајка и се занимавала со цртање. Во светот на модата тргнала по инсистирање на пријател на нејзините родители, кои не можеле да и се нагледаат на нејзината убавина. Моника всушност не сакала да биде актерка ниту модел, но животот имал поинакви планови за неа. Сакала да биде правничка, па се запишала на Правен факултет и учела шпански, француски и англиски, а работата на модел и служела како би го финансирала школувањето. Меѓутоа, со својата појава привлекувала толку внимание што кариерата и се вивнала нагоре многу брзо. Агенцијата Елит ја повикала да се пресели во Милано, а Моника го направила тоа во 1988 година. Соработувала тогаш со непознатите креатори Доминик Долче и Стефан Габана и станала заштитно лице на брендот Dolce & Gabbana. Тргнала во актерските води и станала мега популарна.Иако станала многу славна и богата, тоа не и го поматило умот. Во еден разговор за Би Би Си рекла: „Се чувствувам добро и комотно во своето тело, но не затоа што сум убава. Познавам многу убави луѓе, но нивните животи едноставно се ужасни. Многу се несигурни во себе. Среќна сум што сум сакана и што имам прекрасно семејство“. Животно вредните работи за неа се поважни од славата и богатството, а на тоа ги учи и своите две ќерки. Издвоиме неколку нејзини одлични цитати…

Преземено од Хаштаг

Треба да знаете
Последни објави