Третина од Русите сметаат дека руската наука е водечка во светот

Tретина од Русите веруваат дека руската наука е пред сите други во светот и тие сметаат дека борбата против коронавирусот е едно од најголемите достигнувања во последните неколку години.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Рускиот центар за истражување на јавното мислење.

„Најчестиот одговор на Русите е дека најголемите достигнувања на руската наука се борбата против коронавирусот и развојот на вакцината. Втор најчест одговор е рускиот воено-истражувачки и воено-индустриски комплекс“, стои во извештајот за истражувањето, пренесува „Тасс“.

Скоро една третина од Русите сметаат дека руската наука е пред сите други на глобално ниво, додека 34 проценти сметаат дека малку заостанува.

Анкетата била спроведена на 30 јануари на примерок од 1.600 испитаници постари од 18 години.

Треба да знаете
Последни објави