(Видео) Возач во Русија снимил две младенчиња од ретките сибирски тигри

На северот на Приморски Крај во Русија, возач снимил семејство од ретките сибирски тигри, објави Центарот „Сибирски тигар“.

На видеото се гледа како тигарче стои покрај патот, сакајќи да премине, но потоа внимателно се врти и истрчува кон шумата, каде што го чекаат уште едно младенче и возрасна женка, пренесува РИА Новости.

Амурскиот тигар е еден од најретките предатори и е запишан во Меѓународната црвена книга како загрозен вид.

Според експертите, минатата есен во Руската Федерација живееле околу 600 сибирски тигри.

Треба да знаете
Последни објави