Дваесет годишен Јутјубер загинал во обид да сними лажен грабеж

20-годишно момче починало откако бил застрелан за време на наводен лажен грабеж снимен за ЈуТјуб.

Тимоти Вилкс и неговиот пријател се обидувале да направат скеч на 5 февруари во Нешвил. Тие носеле големи ножеви и се приближиле до група луѓе, но еден од нив извадил пиштол и го застрелал младиот човек, пренесува Унилад.

Пријателот на Вилкс, чие име не е објавено, и ’соопштил на полицијата дека ја снимиле шегата за да ја објават на ЈуТјуб, но 23-годишниот Дејвид Старнес Jуниор, кој го застрелал неговиот пријател немал поим дека станува збор за лажен грабеж.

Полицијата била повикана на местото на настанот, а Старнс признал дека пукал во Вилкс. Тој тврди дека тоа го сторил во самоодбрана, додека дуото му се доближувало со ножеви.

Не е поднесена пријава против Старнс, иако детективите продолжуваат да го испитуваат инцидентот. Според Guns To Carry, нема потреба да се регистрира оружје во Тенеси.

Скечовите на YouTube не се невообичаени, иако обично сите вклучени знаат за што станува збор, што овде не било случај. За да не се прават веќе вакви снимки, Јутјуб ги заостри правилата пред две години и забрани опасно спамирање, а снимките со закани со пиштол и лажни грабежи биле посебно наведени како непожелни.

 

Треба да знаете
Последни објави