Официјалната истрага за падот на хеликоптерот во кој беше Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица, покажала дека виновник за несреќата е пилотот.
Според медиумите од САД во деталниот извештај (600 страници) утврдено е дека пилотот одличл да лета во облаците, нешто што е забрането според локалниот закон. Пилотот бил во дезиорентација и верувал дека хеликоптерот се искачувал нагоре, но во случајот губел надморска висина.
Пилотот Ара Зобајан е главен виновник за несреќата, хеликоптерот немал никаков механички дефект.
Главниот истражител на овој случај, Бил Инглиш потврди дека просторната дезориентација и ридскиот терен виле клучни за несреќата а пилотот немал претстава во која насока го управува хеликоптерот.