Сашко Коцев со уште една награда за најдобар актер

Во октомври за главната улога во краткиот филм „Налепница“ македонскиот актер Сашко Коцев доби награда за најдобар актер во краток филм, на филмскиот фестивал „Сошл ворлд филм фестивал“, кој се одржува во Берлин, Германија. Сега тој го повтори успехот на филмскиот фестивал во Бејрут, Либан, каде што доби награда за најдобар актер во интернационален краток филм.

Филмот „Налепница“ во режија на Георги Унковски досега учествуваше на повеќе од 170 филмски фестивали, на кои веќе освои неколку меѓународни награди. Меѓу нив е и наградата од „Ин д палас“, софискиот меѓународен филмски фестивал за краток филм, кој е еден од официјалните светски фестивали што ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за „оскар“.

„Налепница“ е инспириран од вистинска случка што му се случила на режисерот Унковски…

Преземено од Слободен Печат

Треба да знаете
Последни објави