(ФОТО) Ќерката на Моника Белучи се појави на насловната на Elle

Дева Касел, 16-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, се појави на насловната страница на француското издание на списанието Elle.

Моника не крие колку е горда на својата ќерка, па затоа ја објави насловната страница со Дева на својот Инстаграм профил.

„Уште една убава насловна страница оваа недела за мојата Дева“, напиша славната актерка.

„Убава, исто како нејзината мајка“, „Ти си иста“, „Убава девојка“, „Каква мајка, таква ќерка“, „Совршена“, се само некои од стотиците коментари.

Многумина предвидуваат дека Дева ќе има успешна манекенска кариера, а познатото дизајнерско дуо Долче и Габана ја прогласи за своја муза.

Моника од бракот со Винс има две ќерки, 16-годишната Дева и пет години помладата Леони.


Треба да знаете
Последни објави