Периодов многу се зборуваше за љубовниот живот на турскиот актер Џан Јаман кој на нас ни е познат по улогата на Џан во „Романтичарот“. Го поврзуваа со многу убави девојки, меѓу кои и неговата колешка „Санем“ од истиот филм, но никоја од тие шпекулации не излезе како вистинита освен оваа последната.
Имено пред околу месец дена актерот беше виден заедно со познатата италијанска новинарка Дилета Леота во хотел во Рим, по што италијанските медиуми почнаа на големо да зборуваат за новата врска на атрактивната блондинка. И Џан набрзо потоа објави фотографија од нив двајца како се забавуваат во слободното време на стрелаштво, по што шпекулациите станаа уште погласни.
Овој пат Дилета одлучи да ја официјализира љубовта со фотографија на нејзиниот инстаграм профил, по што фановите коментираат дека е очигледно дека тие не ја кријат љубовта повеќе…
Преземено од Скопје24