Американската музичка дива Бијонсе (39) на социјалната мрежа Инстаграм објави нова фотографија на која позира црна облека, а со својот изглед ги воодушеви сите следбеници, иако некои од нив ја коментираа нејзината тежина.
Имено, познатата пејачка позираше во црна тесна маица и шорцеви со златни ленти на кои пишува „Ајви Парк“, а тоа е името на нејзината соработка со брендот „Адидас“.
24-та победничка на Греми ја крена едната нога на новата фотографија и ги покажа своите зачудувачки облини – затегнати нозе, голем задник и гради, но фановите сега тврдат дека Бијонсе се здебелила многу во споредба со претходните години.
Носеше црни салонки и црна јакна, па уште еднаш докажа дека елегантно-спортската комбинација сепак има место во денешната мода.
Таа собра 4,3 милиони лајкови на објавата, додека 164 милиони луѓе ја следеа на споменатата платформа.
Преземено од Попара