Британскиот принц Чарлс и Камила се вакцинираа против Ковид-19

Британскиот принц Чарл и неговата сопруга Камила ја примија првата доза од вакцината против Ковид-19.

Претходно вакцина примија британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99).

Принцот Чарлс во март минатата година беше позитивен на Ковид-19.

Во Велика Британија досега се вакцинирани околу 13 милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави