Верски лидер во Иран тврди дека оној што ќе прими вакцина ќе стане хомосексуалец

Верски водач во Иран предизвика голема бура реакции со неговата изјава дека вакцините против коронавирусот ги прават луѓето хомосексуалци, што Министерството за здравство остро го осуди.

– Кој ќе се вакцинира против корона, ќе стане хомосексуалец, изјави Абас Табризијан, кој во Иран е познат како „татко на исламската медицина”.

Во последно време, Табризијан е познат како теоретичар на заговор, јавија светските медиуми.

– Избегнувајте ги оние кои биле вакцинирани против Ковид-19. Тие станаа хомосексуалци, рече Табризијан преку својата група на Телеграм, која ја следат околу 210.000 луѓе, пренесува „Џерусалим пост”.

Иранското Министерство за здравство остро реагираше на оваа изјава.

– Тоа не е само суеверен и глупав став, туку и незаконско мешање во здравствените и политичките работи на земјата, рече портпаролот Кјанус Јаханпур, најавувајќи правните последици.

Ова не е првпат Табризијан да ја критикува западната медицина.

Тој е убеден дека многу болести можат да се излечат со молитва и без лекари и лекови.

Треба да знаете
Последни објави