На оваа жена сè ѝ прилега: Џеј Ло драстично го промени изгледот, а комплиментите само се нижат

Нема фризура која лошо ѝ прилега, а тоа Џенифер Лопез уште еднаш го докажа.

Таа за потребите на магазинот „Allure“ потполно го променила имиџот и ја скратила косата. Џенифер е личност која сака да експериментира со должината и боја на коса, па веќе сме навикнати на нејзините чести промени.

Колку на нејзините фанови ѝ се допаѓа оваа промена, зборува и фактот дека фотографијата за само неколку часа собрала над 600.000 лајкови.

Судејќи по коментарите, нѝ се чини дека на обожавателите повеќе им се допаѓа пејачката со кратка коса.

Лопез е доказ дека на жените во 50-те години од животот повеќе им ласкаат фризури слични на оваа бидејќи на вистински начин ги истакнуваат сите црти и сето она што е најубаво на лицето.

Преземено од Точка
Треба да знаете
Последни објави