Српскиот актер Горан Даничиќ почина ненадејно вчера, во Белград, пишуваат српските медиуми.
По барање на семејството, тој бил погребан денес напладне во најблискиот семеен круг, објави Југословенскиот драмски театар.

Завршил глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1990 година, во класата на професорот Миленко Маричиќ, како студент на генерација.
Член е на Југословенскиот драмски театар од 1993 година и има изведено повеќе од 50 улоги.
Даничиќ има играно во неколку познати филмови и серии, како што се: Ивкова слава, Ние не сме анѓели, Среќни луѓе, Гревот на нејзината мајка, Небеска јадица, Заборавени.