Само 14 месеци од постоењето на стриминг-сервисот „Дизни плус“, тој веќе ги надмина очекувањата на сопствената матична компанија.
„Дизни“ во четвртокот објави дека според последниот извештај направен на 2 јануари 2021 година, бројот на претплатници на „Дизни-плус“ ширум светот се искачил на 94.9 милиони.
Новата цифра претставува пораст од 8 милиони претплатници од вкупниот број 86.8 милиони регистрирани на 2 декември, и истовремено ја надмина нивната четиригодишна проекција од 90 милиони претплатници за само 14 месеци.