Во најава преработка на „Господин и госпоѓа Смит“

Фиби Волер-Бриџ и Доналд Гловер ќе глумат во нова преработена верзија на блокбастерот „Господин и госпоѓа Смит“ од 2005 година.

Оригиналниот филм за двајца атентатори во брак кои подоцна дознаваат дека самите се мета еден на друг, со Бред Пит и Анџелина Џоли во главните улоги како платени убијци, доведе до тоа актерите да формираат врска во реалниот живот.

Новиот проект ќе биде преработка како серија во продукција на „Амазон прајм“,а најверојатно ќе поче да се прикажува следната година.

Sвездата на „Флибег“ (Fleabag), Фиби Волер-Бриџ и ѕвездата на „Атланта“ (Atlanta), Доналд Гловер, исто така, ќе бидат извршни продуценти на серијата.

Треба да знаете
Последни објави