Избрани финалистите на „Автомобил на годината во Македонија за 2021„

Познати се финалистите за „Автомобил на годината во Македонија“, манифестација коај годинава ќе се одржи по 26. пат. Прогласувањето на победникот ќе биде на крајот од февруари 2021 година, соопштува 24auto.mk. Националното Жири за Избор на Автомобил на годината во финалето за престижното признание одбра осум автомобили (наредени се по азбучен редослед):

Citroen C4

Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Skoda Octavia
Seat Leon
Toyota Yaris
VW Golf

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието
* „СУВ автомобил на годината“
*„Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
* EV на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.

Треба да знаете
Последни објави