Многу очекуваната колекција „Ајси парк“ од нејзиниот бренд „Ајви парк“ во соработка со „Адидас“ треба официјално да биде објавена на 19 февруари.
А Бијонсе во неделата додаде уште повеќе гориво за возбудување на своите фанови кога се појави во жежок комплет во розова боја на официјалната Инстаграм-страница на „Ајви парк“.
Во промоција на „Адидас икс Ајви парк“,најновата соработка на нејзиниот бренд со германскиот гигант Адидас, 39-годишната поп ѕвезда позира во танга и топ со долги ракави.