Многумина му завидуваат на српскиот актер Драган Бјелогрлиќ кој покрај себе има сопруга која многумина ја споредуваат со славната актерка Моника Белучи.
Неговата сопруга Маја благодарејќи и на својата професија како манекенка го запознала сопругот Драган Бјелогрлиќ, а во една прилика таа откри дека се запознале на снимање на реклама за мебел.
Иако многу малку се знае за неа, таа студирала англиски јазик и книжевност, а набрзо по бракот и ставила точка на манекенската кариера. Таа некое време работела и како преведувач, а многумина ја споредуваат со италијанската славна актерка Моника Белучи.
Парот има две деца, а на 14 февруари прославија 25 години брак.
Преземено од Курир