Ништо од враќањето со Бред… Срцето на Џенифер Анистон веќе го освоил нејзиниот познат колега?

Откако се разведе од својот втор сопруг Џастин Теру, љубовниот живот на славната ѕвезда од Холивуд константно е мистериозен.

Го сакаше Бред Пит, но и Џастин Теру, но по крахот на љубовта со славните колеги ништо не било исто во љубовниот живот на Џенифер Анистон.

Се пишуваше и дека ја загубила вербата во љубовта, но и многу пати низ изминатиот период нејзе повторно ја поврзуваа со својот поранешен сопруг – Бред Пит.

Интересно е што тие сами даваат повод за тоа, така што си се посетуваат еден со друг, а неодамна се појави фотографија од сет поради која што фановите се убедени дека Џенифер и Бред повторно се заедно.

Меѓутоа, како што пишува „Woman’s Day“, Џенифер ја освоил нејзиниот пријател и колега Џејсон Судејкис.

Судејкис неодамна ја раскинал долгогодишната врска со Оливија Вајлд која што сега се забавува со музичарот Хери Стајлс.

Судејкис и Џен се знаат долго време, а заедно глумеа и во филмот „We’re the Millers“ во 2013 година.

„Џејсон ѝ се отвори на Џен, се зближи со неа по раскинувањето. Таа секојдневно му се јавува за да провери дали е добро. Сè започна како поддршка, но набрзо се смени тоа. Совршени се еден за друг. Сите знаеме дека отсекогаш беа посебно поврзани“, изјавиле извори блиски до актерката.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави